Еден полски свештеник тврди дека ѓаволот не се срами да ја користи модерната технологија, а често неговите дела не може веднаш да се препознаат. Тој тврди дека наводно има одговорено на една таква порака.Свештеникот Мариан Рајчел од полскиот град Јарослав, не успеал да го избрка ѓаволот од телото на една тинејџерка. Сега е убеден дека Сатаната му се јавува преку СМС пораки.
Почнал да прима навредливи пораки по неуспешниот егзорцизам. Тој е убеден дека Сатаната ја користи опседнатата тинејџерка за да го нападне.
„Авторот на пораките е лошиот дух кој го запоседна девојчето“, рече тој.
Сопствениците на мобилните телефони често не знаат дека ѓаволот го употребува за овие работи, но во овој случај тоа е кристално јасно, пишува Дејли Мејл.
Полскиот свештеник тврди дека ѓаволот не се срами да ја користи модерната технологија и дека неговите дела не се препознаваат веднаш.
Во една од пораките пишувало:
„Нема да излезе од овој пекол. Таа е моја. Кој и да се моли за неа ќе умре!“
Рајчел одговорил, но потоа стигнало: „Молчи свештенику! Не можеш да се спасиш јаднику!“
Рајчел верува дека на девојката и е потребна дополнителна помош.Свештеникот Мариан Рајчел од полскиот град Јарослав, не успеал да го избрка ѓаволот од телото на една тинејџерка. Сега е убеден дека Сатаната му се



