„Познато е дека со висината кај мажите доаѓа одредена самодоверба, кое е многу поретко кај пониските мажи“, тврди Мајк ТајлорЗгоден, висок и црн… секоја жена барем во една фаза од животот посакала токму ртаков фраер, а доколку си ти сеуште во таа фаза, имаме лоши вести.
Страница за формирање вонбрачни врски спровела истражување за неверството, а резултатите се по малку смешни и по малку загрижувачки.
Истражувањето покажува дека сите мажи кои се високи се двојно повеќе склони на неверство од оние не толку високи. Дури успеале да стигнат и до бројка – мажите повисоки од 177.8 см почесто ќе изневеруваат од оние кои се толку високи или пониски.
Иако истажувањето се чини поприлично смешно, претставникот на страницата има добар аргумент:
„Познато е дека со висината кај мажите доаѓа и одредена самодоверба, кое е многу поретко кај пониските мажи. Високиот маж полесно ќе и пријде на жената поради тоа што е висок, а ни жените не се сосема рамнодушни на висината“.
Било да е вистина или не, во секој случај дава интересна перспектива… Доколку до сега имавте проблем со високи типови, можеби е време да им дадете шанса на оние пониските.Згоден, висок и црн… секоја жена барем во една фаза од животот посакала токму ртаков фраер, а доколку си ти сеуште во таа фаза, имаме лоши вести.



