Целулитот е резултат на генетиката, делување на хормонот естроген и стилот на живот, а се јавува како последица од зголемување на бројот и волуменот на масни ќелии. Во борбата против целулитот избегнувајте да јадете слатки и бел шеќер, а менито збогатете го со интегрални житарици.Најделотворното масло кое се користи за масажа против целулитот е маслото од бршлен, а може да се користи како основно масло или помешано со други етерични масла.
Кога се работи за пилинзи, тие се на база на абразивни состојки како што е морската сол, кафеавиот шеќер и кафе. Овие состојки се одлични борци против целулит бидејќи ја чистат кожата. Редовниот пилинг, масажа на колковите и правилната исхрана ќе ја смалат појавата на целулит. Ви претставуваме три врсти пасти кои можете да ги искористите против целулитот.
Шеќерна паста: Направте ја ова паста од една шоља кафеав шеќер, морска сол, сок од еден лимун, неколку лажички маслиново масло и неколку лажички мед. Втријте ја пастата на критичните делови од телото и масирајте со кружни движења. Оставете пастата да одстои пет минути па измијте се со ладна вода.
Микс од кафе: Помешајте половина шоља кафе со малку маслиново масло и три лажики жеќер додека не добиете хомогена смеса. Масирајте ги критичните делови од телото.
Паста од алги: Помешајте три лажици иситнети алги со малку морска сол четврт шоља маслиново масло. Масирајте ги деловите од телото на кои имате целулит во траење од неколку минути. Пастата ќе има подобар ефект доколку порите прво ги отвотите со помош на топол туш, а по третманот пастата да ја измиете со ладна вода Најделотворното масло кое се користи за масажа против целулитот е маслото од бршлен, а може да се користи како основно масло или помешано со други



