Полицијата ги проверувала претпоставките за тоа дека семејството исчезнало поради црна магија, дрогирање со метамфетамини, или роднината кој соработувал со мексиканската мафија.Боби и Шерлин Џејмисон од САД, исчезнале заедно со својата ќерка Медисон (6), уште во 2009 година, во планините на Оклахома. Сѐ уште не е објаснето нивното исчезнување.
Тогаш полицијата го пронашла нивниот камионет во кој се наоѓале 32.000 долари. Во ноември минатата година, на околу 5 километри од местото на кое се наоѓал камионетот, семејството било пронајдено мртво. Нивните тела биле уредно поредени едно до друго, со лицата свртени накај земјата.
„Невозможно е туку така да се загубиле. Јас верувам дека тие таму виделе нешто што не смееле да го видат“, изјавила Кони Кокотан, сестрата на Шерилин Џејмисон.
Таа потврди дека нејзината сестра била заинтересирана за црна магија, а полицијата во близина на нивната куќа пронашла заканувачка порака за соседите, на кои Шерилин им напишала дека вештерките не сакаат кога некој им ги убива мачките.
Семејниот свештеник, Гери Брендон, изјавил дека Џејмисонови му рекле дека виделе духови во својот дом, кои Шерилин ги опишала како многу страшни.
Се верува дека Шерилин на хаубата од автомобилот напишала зборови преку сатанистичите пораки кои биле изгребани по површината. Таа ги покрила со „Мир“ и „Господ те сака“.
Нејзината најдобра пријателка изнела уште еден мотив за убиство, а тоа е дека ова семејство наводно се наоѓало на „листата на отстрел“, која ѝ припаѓала на групата на белите расисти „Обединети бели витези“.
Погледнете го видеото:
Боби и Шерлин Џејмисон од САД, исчезнале заедно со својата ќерка Медисон (6), уште во 2009 година, во планините на Оклахома. Сѐ уште не е објаснето



