Неподвижниот Алекс Брок-Тунер (24) во 2011 го повредил рбетот при пад од велосипед на патот од Лондон до Хрватска. Повторно трга на пат долг 1800 километри.И пред несреќата сакав да дојдам во Хрватска со велосипд. По три години рехабилитација и тренинг се надевам дека ќе дојдам до Пула и Плитвичките езера. За нив слушнав од пријателите дека се прекрасни, рекол Алек од својот дом во Лондон.
Тој во август 2011 година тргнал со велосипед од Лондон до Хрватска. Во Белгија паднал и го повредил рбетот. Останал неподвижен од половината надолу.
Закрепнал во рекорден рок, нарачал посебен велосипед кој се вози со раце и повторно почнал да тренира. Денес на него вози околу 100 километри на ден.
На пат ќе тргне на 1 август со двајца пријатели, од местото каде застанал во Белгија пред три години. Ќе вози и преку Алпите, каде ќе се качи на висина од 2000 метри надморска височина.
„Не се плашам, но сум возбуден. Ќе ме преплават емоции кога ќе тргнам па можеби и ќе заплачам“, вели Алекс.
Патот го посветил на добротворна установа која им помага на инвалидите во закрепнувањето.
И пред несреќата сакав да дојдам во Хрватска со велосипд. По три години рехабилитација и тренинг се надевам дека ќе дојдам до Пула и Плитвичките ез
Пронајдете не на следниве мрежи:



