феноменот „дежа ву“: Мистерија која сите барем еднаш ја доживеале

Додека едни тврдат дека „дежа ву“ е последица на потиснато сеќавање, други велат дека се случува поради реинкарнација. Откријте ги непознатите факти на овој феномен.Преведено од француски, „deja vu“ буквално значи „веќе видено“ а го опишува феноменот во кој поединецот одеднаш добива чувство како да знае што ќе се случи следно или како да ја поживеал ситуацијата во која се наоѓа, го посетил тоа место или искусил нешто.
Тоерии за потеклото на „Дежа ву“
Научниците имат неколку теории за тоа од каде доаѓа чувството на „веќе видено“. Конгнитивните психолози сметаат дека станува збор за одамна заборавени делови од сеќавањето кои во својата основа се удобни, а следбениците на Фреуд тврдат дека се работи за потиснати сеќавања во детството во кое егото на поединецот го потсетува на неговото минато и скриените стравови.
Парапсихолозите имаат по малку бизарно гледиште, кои велат дека „дежа ву“е резултат на сеќавањето на минатиот живот, пред реинкарнацијата во овој живот. Сепак, најчесто прифатена е тезата дека се работи за аномалија на помнењето во кое гледаме нешто слично, па тоа не потсеќа на заборавеното.
Подврсти на „веќе видното“
Presque vu
Се опишува состојба во која нешто ни е „на врв на јазик“. Имаме чувство дека ќе се сетиме или изговориме нешто навистина важно.

Deja entend
Нешто што веќе сме чуле, или сме сигурни дека знаеме за што се работи, иако не можеме да се сетиме кој, каде и кога ни го кажал тоа.
Deja senti
Се темели на веќе проживеани чувства, ни се чини дека исто сме се чувствувале во некоја ситуација во минатото, но не можеме да се сетиме на детали.
Deja vencu
Облик на „дежа ву“ во кој со сигурност знаеме што ќе се случи следно.
Deja visite
Се однесува на точно препознавање и снаоѓање во место на кое никогаш не сме биле, а од некоја причина ни е познато.
Преведено од француски, „deja vu“ буквално значи „веќе видено“ а го опишува феноменот во кој поединецот одеднаш добива чувс

Пронајдете не на следниве мрежи: