Освен што ја поминал годината без да има секс и собрал 50.000 долари, овој дечко тврди дека се пронашол себеси. Тој сепак признава дека за малку ќе ја загубел кладбата во првите неколку месеци.Австралиецот Питер Лајнег (34), се кладел со својот цимер дека цела година ќе издржи без секс бидејќи му здосадил самечкиот живот и аферите за една ноќ.
„Му реков дека ќе се одрекнам од жените и сексот. Мојот цимер ми рече дека нема да издржам ни недела дена. Е, тоа уште повеќе ме мотивираше“, рече Питер.
Нешто што започнало како кладба од 2.000 долари, прераснало во добротворна акција која собрала 50.000 долари.
Тој ја основал Фејсбук страницата Pete`s Chastity for Charity (Чедноста на Питер за добротворни цели).
„Добив инспирација дека можам да ги дадам парите во добротворни цели и така да станам подобар човек“, рече тој.
Правилата биле дека не смеел од 1 јули 2013 година да спие со никој. Сепак, смеел да се бакнува. Тој се заколнал дека сите пари ќе ги даде за организацијата Free to Shine, која ги спасува камбоџанските девојки од сексуалното тргување и ги едуцира.
Во октомври ја посетил Камбоџа и веќе знаел дека се наоѓа на вистинскиот пат. Сега вели дека ќе бара нов предизвик.Австралиецот Питер Лајнег (34), се кладел со својот цимер дека цела година ќе издржи без секс бидејќи му здосадил самечкиот живот и аферите за една