Талентиран фотограф снимил фотографија која го направила славен и предизвикала огромни реакции и емоции ширум планетата. Но, тој не можел да се носи со тоа што го направил. Тој како човек пропуштил да ја направи исправната работа…Јужноафриканскиот фотограф Кевин Картер, во 1993 година ја направил фотографијата на која се гледа изгладнето суданско девојче крај кое се наоѓа лешинар.
Оваа фотографија му ја донела Пулицеровата награда за најдобра фотографија во 1994 година. Иако ја добил наградата, тој никако не можел да се помири со фактот дека девојчето го оставил насамо со лешинарот кој подоцна го убил. Три месеци по наградата, тој си го одземал животот.
Самиот Картер изјавил дека претходно чекал цели 20 минути за лешинарот да ги рашири крилјата, но тоа не се случило, па го сликал со собрани крилја. Добил многубројни критики што наместо да слика, не скокнал да му помогне на беспомошното девојче.
Неговата цел била да му покаже на светот дека на Африка и треба помош, но наместо тоа, тој ја навлекол омразата на луѓето.Јужноафриканскиот фотограф Кевин Картер, во 1993 година ја направил фотографијата на која се гледа изгладнето суданско девојче крај кое се наоѓа ле



