Веруваме дека многупати сте се нашле во ситуација кога ќе кажете нешто и на крај некоја личност ќе се обиде да ве изманипулира со тоа што ги извртува работите во своја корист. Тоа се емоционални манипулатори, кои свесно ги прават овие работи. Најдобро би било да се држите подалеку од нив.Ова се првите четири начини со кои лесно ќе откриете кој е емоционален манипулатор и како треба да се заштитите од него:
1. Апсолутно нема корист од тоа да бидете искрени со емоционален манипулатор. Кажувате нешто што на крај ќе биде извртено. Пример: Многу ти се лутам што ми го заборави роденденот. Одговор – „Навистина ме рaстажува фактот што можеш да помислиш дека би ти го заборавил/а роденденот. Можеби требаше да ти спомнам со каков стрес се соочувам во моментов, но не сакав да те оптоварувам со своите проблеми. Извини“. Доколку ова извинување ви делува како голема глупост – верувајте дека е тоа! Правило број еден: кога се соочувате со емоционален уценувач, ВЕРУВАЈТЕ им на вашите инстинкти. Бидејќи, ако другата страна почувствува дека трикот е успешен, верувајте дека во иднина ќе ве чекаат многу вакви сценарија.
2. Емоционалниот манипулатор е олицетворение на некој кој „има“ желба да помага. Ако ги прашате да направат нешто за вас, тие скоро и ќе се согласат. Поточно, АКО сакаат ќе се согласат. Кога ќе им кажете „благодарам“, следува цела низа на реакции – тешки воздивнувања, превртувања со очите и други знаци со кои јасно ви даваат на знаење дека безволно го прават тоа. Кога ќе им спомнете дека делуваат како да им е тешко да го прават тоа, тие ќе го извртат и ќе кажат дека сте смешни. Правило број два: дури и ако емоционалниот манипулатор кажал ДА, земете го тоа со доза на сомничавост. Не паѓајте на нивните гримаси, а доколку забележите дека некој безволно ви помага, соочете се со него и директно прашајте дала сака да ви помогне или не.
3. Некој испаѓа луд. Велат едно, а подоцна ве убедуваат дека погрешно сте разбрале. Како што кажавме, емоционалниот манипулатор е експерт во извртување на фактите, рационализирањето, оправдувањето и објаснувањето на работите. Тие личности со леснотија можат да ве излажат и да ве убедат дека црното е бело. Со ваквите луѓе би морале нон-стоп да носите тефтер со себе и да запишувате што сте кажале, инаку лошо ви се пишува. Најдобро е да бегате што е можно подалеку доколку забележите дека некоја личност ги прави овие работи.
4. Вина. Емоционалните манипулатори одлично предизвикуваат чувство на вина. Тие ќе направат да се чувствувате виновно дури и ако ништо не сте направиле. Да не заборавиме да спомнеме дека тие глумат и одлични жртви. Секогаш ги инспирираат другите да ги заштитат и да се грижат за нив, а би било пожелно и некој наместо нив да им ги заврши работите. Најдобрата реченица со која можете да ги победите е: „Им верувам на твоите можности и способности да се справиш со работите“. Ако не го направите тоа, верувајте дека со сугестија тие ќе ве искористуваат сѐ додека им го дозволувате тоа.Ова се првите четири начини со кои лесно ќе откриете кој е емоционален манипулатор и како треба да се заштитите од него:
1. Апсолут



