Без разлика на тоа дали луѓето тоа го признаваат или не, проблемите со конзувација на алкохол се почести отколку што мислите.Околу 15 % кои пијат стануваат зависни од алкохол, предупредува Карлтон Ериксон, директор на истражувачкиот центар за проучување на зависноста при универзитетот во Тексас.
Како да препознаате дека имате проблем?
Симптомите не се исти за сите луќе, но некои од нив секако можете за ги преознаете и да признаеете дека сте во проблем. Еве некои од нив
Поставувате граница, но не ја почитувате
Доколку секогаш се обидувате да се ограниците на одреден број пијачки и секој пат ја преоѓате границата, тогаш имате проблем.
Вашите пријатели коментираат колку пиете
Еден од знаците дека ја губите контролата над алкохолот е тој кога вашите пријатели ќе почнат да се чудат поради тоа колку пиете или колку “добро поднесувате“ алкохол.
Најголемиот дел од вашите планови се врзани за алкохолот
Доколку алкохолот стане центар на вашиот друштвен живот и одите од една на друга “тура“, или избегнувате активности кои порано сте ги сакале, а не вклучуваат алкохол, тогаш сте на опасна територија.
Посегнувате по алкохол секогаш кога сте под стрес
Сите луѓе помалку или повеќе се под стрес. Алкохолот можеби може да ви пружи краткорочно олеснување кога сте вознемирени, но брзо „ве остава на цедило“ и ве прави уште понервозни.
И самите се грижите поради премногу алкохол
Вашиот проблем со алкохолот веројатно се јавил од она утро кога сте се загрижиле поради фактот колку алкохол сте испиле предходната ноќ.
Докторот вели дека пиете премногу
Докторите често им поставуваат прашања на пациентите за начинот на живот, вклучувајќи и тоа колку пијат
Често се будите мамурни
Доколку пиете само повремено, мамурлуците се сосема природна појава. Меѓутоа ако се зачестат, можно е да имате проблем. Околу 15 % кои пијат стануваат зависни од алкохол, предупредува Карлтон Ериксон, директор на истражувачкиот центар за проучување на зависност



