ГЛЕТКА ЗА ПАМЕТЕЊЕ: На денот на венчавката станала од количката и сама чекорела до олтарот

Невестата Ирене Зами од Италија, со помош на физиотерапевтот и уредот од компанијата „Ексо Бионик“, чекорела до олтарот. Насобраните гости почнале да и ракоплескаат веднаш штом влегла во црквата.Видеото на Фејсбук го објавила спомнатата компанија, која во коментарот напишала дека Ирене успеала да си го оствари сонот.
„Имав голема трема, но пресреќна сум. Емоциите беа многу силни, но успеав! Ви благодарам на сите“, рекла Ирене Зами по нејзиното пристигнување до олтарот.
Таа во почетокот од годината и се јави на калифорниската компанија Ексо со желба да го каже судбоносното „да“, стоејќи на нозе. Желбата секако и беше исполнета.
„Си го одржаа ветувањето, немам зборови“, изјави таа.

Сензорите ја пресметуваат должината и ритамот на чекорите
Раволуционерниот изум се прицврстува на неколку места од телото на неподвижната личност. Бројните софистицирани сензори го следат движењето на горниот дел од телото. Моторите кои се поставени на колената и другите зглобови, го виткаат во совршен ритам, овозможувајќи му на лицето да оди.
Оделото е тешко 23 килограми, но корисникот во ниеден момент не ја чувствува неговата тежина. Лицето со Ексо на своето тело може да оди со брзина од најмногу 3,2 километри на час.
 

Post by Ekso Bionics in Italia.
Видеото на Фејсбук го објавила спомнатата компанија, која во коментарот напишала дека Ирене успеала да си го оствари сонот.
„Имав гол

Пронајдете не на следниве мрежи: