Маријана Дрмиќ (36) од Панчево останала без дојка бидејќи докторите во Општата болница во Панчево ја лечеле од погрешна болест. На крајот ги тужела па може да остане и без имотот.Наместо со анализите да установат дека боледува од карцином, докторите десет месеци ја лечеле од маститис и тоа со помош на масти и антибиотици.
Поради тоа ја тужела и болницата, но тој спор пред неколку дена го изгубила.
„Неспорен е фактот дека неколку месеци погрешно ме лечеа и покрај тоа што се укажуваше на тоа дека имам малигнен процес. Доцнењето во адекватното лечење се одрази на ширење на болеста на лимфните жлезди, поради што на крај ми е отстранета дојката, како и неколку лимфни жлезди“, раскажува Маријана.
Се започнало уште кога била во шестиот месец од бременоста, јуни 2007 година. Тогаш имала само 29 години. Забележала дека од левата дојка и тече крв. Докторката во Домот за здравје се загрижила и веднаш ја пратила на онкологија. Без ниту една анализа докторот и дал пантенол крем и ја пратил дома. Меѓутоа, по породувањето Маријана почнала да чувствува се поголема болка во левата дојка. Штотуку роденото девојче не можела да го храни, бидејќи дојката го променила изгледот, а млекото едвај излегувало.
„Ми помагаа патронажните сестри. Докторот во домот на здравство ми рече дека тоа не е ништо. Ме советуваше да одам во ромска населба и да побарам некоја Ромка која има поголемо дете и да ја замолам да го надојам нејзиното дете за да го исфрлам млекото од дојката“, зборува во очај Маријана.
Во 2008 повторно се обратила кај онколог и анализите покажале дека имам јазли. Наместо повеќе анализи, Маријана добила антибиотик и лек за смалување на отокот. На следната контрола докторката констатирала дека антибиотиците помагаат, бидејќи отокот се смалува.
„Самоволно отидов кај хирург во Општата болница во Панчево, во што ми помогна пријателката. Нему му изгледаше сомнително, ме прати кај радиолог и веќе во следниот момент ми рече дека морам да се оперирам. Дизагнозата беше карцином на дојка, со што болеста метастазирала и на два лимфни јазли“, вели Маријана.
Хемотерапија и зрачење предложил конзилиумот на доктори од институтот за онкологија и радиологија на Србија. Тогаш Мариојана за прв пат направла мамографија, скенер на рбетот и карлицата, како и тумор маркери. До тогаш ниту еден доктор од Панчево не и ги предложил овие анализи.
Сега таа мора да плати околу 45.000 динари бидејќи судот установил дека се би било исто и претходно да била откриена болеста.Наместо со анализите да установат дека боледува од карцином, докторите десет месеци ја лечеле од маститис и тоа со помош на масти и антибиотици.


