Вон Јеонг Хва (40), позната како Мата Хари на Пјонгјанг, сега едвај заработува за живот во Сеул и тоа преку раскажувањето на своите тајни акции.Некогашната врвна севернокорејска шпионка Вон Јеонг Хва (40), која во служба на покојниот водач Ким Џонг Ил ги заведувала генералите на Јужна Кореја и од нив во креветот добивала строго чувани државни тајни, сега во Сеул живее на работ на сиромаштијата.
Имено, таа одлежала петгодишна казна во Јужна Кореја и веќе година дена живее во главниот град од таа земја. Меѓутоа, гламурот и луксузот – кои биле составен дел од нејзиниот живот пред апсењето, едноставно исчезнале. Јеонг Хва мислела дека ќе заработува пишувајќи книги и појавувајќи се на телевизија како експерт за Северна Кореја, но таа идеја пропаднала бидејќи готово никој не ја сфаќал сериозно.
„Неброено многу пати сакав да извршам самоубиство“, признала таа.
Таа се обидела да работи како келнерка или чистачка, но ретко останувала долго на работното место откако нејзините работодавачи би дознале за нејзиното мрачно минато.
Вон Јеонг Хва во текот на 2008 година завршила во затвор, откако судот заклучил дека таа како агент на Пјонгјанг во Јужна Кореја ги заведувала високорангираните воени лица. Шпионката со арсенал од сексуално оружје, од нив ги извлекувала најстрого чуваните државни тајни. Поради тоа била наречена севернокорејска Мата Хари.
Јеонг Хва конечно почнала да се појавува по телевизиите, каде што говорела за обуката која морала да ја помине на северот, како и за својата непослушност кон тогашниот водач Ким Џонг Ил, кој и наредил да отруе двајца јужнокорејски генерали. Таа спомнала дека за време на мисиите ја запознала љубовта на својот живот – официр кој открил дека таа е шпион, но сепак продолжил да и открива тајни.Некогашната врвна севернокорејска шпионка Вон Јеонг Хва (40), која во служба на покојниот водач Ким Џонг Ил ги заведувала генералите на Јужна Кореј



