Силувана 365 дена во годината!

Асмира С. е родена во Бјелина пред 34 години. Во својата 20-та година, таа остарела, поседела и се здобила со трауми кои ќе ја следат за цел живот…Ова е нејзината приказна.Имала само 20 години кога започнал нејзиниот пекол. Живеела во Бјелина, со свекорот, мажот и двете деца. Кон крајот на април, 1992 година, во куќата им упаднале неколку војници. Мислела дека ужасот веднаш потоа ќе заврши, но се излажала…
Во наредните три дена, таа била држана како затвореник во својата куќа, додека нејзиниот маж бил пратен на принудна работа во логор.
„Војниците доаѓаа секој ден. Беа пијани и луди од алкохолот и како животни се изживуваа над нас. Освен силувањето, ми правеа и други работи. Бев тепана и секојдневно сечена со нож по целото тело. Насекаде имам лузни. Имаше вкупно 11 жени и сите поминавме низ истиот пекол“, се присетува оваа жена.
Тоа не беше само сексуално злоставување, тоа беше ужас.

 
Таа додаде дека еден од војниците еднаш ја имаше земено нејзината ќерка и ја однел до врелата рингла за да и ја изгори раката. Девојчето врескало од болки, а тие громогласно се смееле.
„Еден ден паднав во несвест. Дури мислев да извршам самоубиство. Подоцна кога си дојдов при себе, тие немаа милост. Силувањата продолжуваа од ден на ден. Од ноќ во ноќ. Секој ден во 365-те дена од годината“.
Еден ден, на вратата од куќата од пеколот се појавил еден човек кој бил пријател со нејзините родители и ја откупил од суровите војници.
Подоцна била однесена во камп за избеглици, каде што се сретнала со својот сопруг.
Денес, таа е 60% инвалид и не може да најде работа. Живее во Сараево со мажот и нивните две деца. Редовно посетува психо-терапии.
Видно потресена, таа на крај додаде дека сонува да го доживее денот кога нејзините деца ќе го завршат школувањето и дека сака да бидат среќни, здрави и никогаш да не ги снајде лоша судбина.Имала само 20 години кога започнал нејзиниот пекол. Живеела во Бјелина, со свекорот, мажот и двете деца. Кон крајот на април, 1992 година, во куќат

Пронајдете не на следниве мрежи: