Момчето не може правилно да зборува , поради закривениот рбет и деформираните зглобови тешко оди, до петата година не можел да јаде цврста храна и има потешкотии со учење.Тој не може правилно да зборува, поради закривениот рбет и деформираните зглобови тешко оди, до петата година не можел да јаде цврста храна и има потешкотии со учење. Психички и физички детето сеуште е на ниво на пет годишно дете, а неговиот пожртуван татко знае дека до крајот на животот неговиот син ќе има потреба од помош.
Тој е среќен што Метју може да каже „мама“ кога ќе ја види сликата на која го држи неговата мајка Анџелика во болница. Таа сега не е тука за да го гали бидејќи починала од алкохол на 37 години. Пиела потајно во бременоста, што предизвикало оштетување на мозокот кај детето.
Роден шест недели порано, Метју тежел само 1.200 грама, и убрзо му бил диагностициран Фетален алкохолен синдром додека бил во мајчината утроба, алкохолот го уништил неговиот нервен систем и мозочните клетки.
Сега неговиот татко Мартин одлучил да ги предупреди жените колку алкохолот е штетен.
„Не знам колку пиела Анџелика, но знам дека не е потребно многу за да се нанесе непоправлива штета. Алкохолот е отров за нероденото дете, затоа немојте да пиете. Не може да биде поедноставно“.
Парот се запознал преку интернет во 2003 година на страна за запознавање.
Мартин е менаџер во супермаркет, а Анџелика Де Аша работела на царина. Се забавувале, и по кратко време таа од Ливерпул се преселила во Лидс за да живее заедно со Мартин.
Биле пресреќни кога во 2006 останала бремена и се чинело дека се тече нормално. Иако Анџелика понекогаш знаела да се напие по некоја чашка алкохол, Мартин верувал дека тоа нема да му наштети на бебето.
Тогаш шест недели пред терминот Матју се родил и бил пренесен на одел за нега на предвремено родени деца. Анџелика не престанала да пие и додека била во болница.
Во март 2009 Анџелика се онесвестила во бањата. Мартин повикал помош и ја одвеле во болница. На патот кон болницата Анџелика доживеала срцев удар и починала. Аутопсијата покажала дека починала од заслабување на срцето, предизвикано од алкохолот. Мартин се чуствувал изгубено но морал да се грижи за момчето.
Матју првите чекори ги направил на три години, а првата тврда храна ја пробал на 5 години.
Понекогаш мора да користи инвалидска количка бидејќи зглобовите сеуште не му се правилно оформени, и иако неговиот говор му е подобрен сепак понекогаш го користи знаковниот јазик.Тој не може правилно да зборува, поради закривениот рбет и деформираните зглобови тешко оди, до петата година не можел да јаде цврста храна и има п



