Додека го лула своето бебе размислува колку го чекала ова чудо…И било кажано дека никогаш нема да може да има деца, па Луис Гилберт потрошила 40.000 евра на третмани за оплодување.
Но, работата не е само во парите, 20 години траела маката и неуспешните обиди.
Исто така ја загубила и љубовта на мажот обидувајќи се да остане трудна.
Сепак сега кога ја гледа својата ќеркичка знае дека се исплатело се.
-Моето мало девојче ме чинеше 40.000 евра и маж…вели.
Жената ја загубила секоја надеж во 2004 година кога бракот и се распаднал па го променила животот целосно, започнала и сопствен бизнис. Па го запознала Марк кој ја наговорил да проба пак.
Во јули 2012 година нејзините сонови станале реалност- се родила Софија.
Но, патот до раѓањето бил долг и болен. Имено, таа имала само 14 години кога се запознала со Тим кој и бил прв маж. А од кога наполнила 19 години се обидувале да добијат бебе затоа што таа од секогаш сакала да има големо семејство.
Но, во рок од една година нејзините соништа за мајчинство се распаднале.
-Кога не можела да остане трудна, отишла на лекар, а наодите за некое чудо покажале дека минува низ менопауза.
-Бев тинејџерка тоа не е можно-вели таа.
Но подеталните испитувања покажале дека телото не и произведува јајце клетки.
-Бев очајна а Тим се обидуваше да ме утеши. Зар е можно јас од секогаш сакав да имам многу деца-додава.
Се обидувала тоа да го преболи но паднала во депресија, започнала да ја губи и косата. Па се решила да бара донатор за вештачко оплодување но листата била долга. Парот се венчал во 1999 година.
Па, потоа си ветиле дека ќе се обидат на сите начини да добијат бебе. Почнала и третмани и според едни тестови се покажала дека носи близнаци.
Се чувствував прекрасно- вели.
Но, пет седмици подоцна го загубила едното бебе а еден месец подоцна и другото.
-Не можев да се помирам и со ова- додава Луис.
Сепак не застанала тука. Пробала пак, а веќе тогаш бракот почнал да пука. Постојано се карале. Се грижеле за пари, а најтешко било што нивните пријатели започнале да добиваат деца.
Во 2004 се развеле.
За неа започнал грозен период затоа што со тоа што се развела и надежта дека ќе има деца исчезнала. Но сепак се вратила во живот.
Почнала да работи и го запознала Марк кој ја запросил
Тој повторно ја наговорил да пробаат.
Најпрво се исплашила…. Но, пак решила и за чудо останала трудна и тоа со близнаци. За жал…после 10 седмици го загубила едното бебе.
ЗА СРЕЌА ЕДНОТО БЕБЕ се родило здраво и живо. Па така на 5 јули 2012 година се родила Софија.
Кога ми ја дадоа во раце тоа беше нереално…и сфатив дека ништо не беше залудно. И било кажано дека никогаш нема да може да има деца, па Луис Гилберт потрошила 40.000 евра на третмани за оплодување.
Но, работата не е сам



