Исповед на девојка која 15 години го барала својот татко

Кога имала 7 години, Дијана Маркозијан била разделена од својот татко откако нејзините родители се развеле а нејзината мајка ја одвела во јужна Калифорнија.Денес, оваа 25 годишна наградувана фотографка поминала 15 години обидувајќи се да го најде својот татко, кога конечно минатата година се сретнала со него во Ерменија.
Шест месеци подоцна, Дијана почнала да живее со својот, одамна изгубен татко во обид да ја обнови нивната врска.
Дијана Маркозијан, која пред четири години дипломирала новинарство на универзитетот Колумбија, го документирала своето патување низ серија фотографии „Пронаоѓање на мојот татко“.
Таа напишала текст за Њујорк Тајмс минатиот месец во кој се осврнала на октомври 1996 година. Дијана, нејзиниот брат и мајка едвај спојувале крај со крај кога, по разводот, живееле во москва. Собирале шишиња во замена за храна. Едно утро, нивната мајка им рекла дека одат на пат, и веќе следниот ден биле во Калифорнија. Девојчето немало време ниту да се поздрави со татка си кој останал во Русија.
Мајката на Дијана по разводот ги исекла сите фотографии на кои бил татко и на Дијана. Сето тоа довело до тоа Дијана да заборави како изгледа нејзиниот татко и секој пат кога ќе видела авион на небото мислела дека тоа е татко и кој доаѓа да ја посети.
Дознала многу малку за татко и додека растела, а нејзината мајка себично ги чувала сите информации. Но, дознала дека е писател и дека сакал да биде танчер, и поради тоа учела балет осум години, се додека повредата не ја спречила да продолжи.

Петнаесет години откако се разделила од својот татко, Дијана и нејзиниот брат пропатувале половина свет, за да се вратат во Ерменија и да тропнат на вратата од станот во кој израснале.
Ја пронашла временската капсула од своето заборавено детство – семејните фотографии, старите играчки на нејзиниот брат. Во видеото кое го снимила организацијата World Pres Photo таа признала дека била исполнета со бес и срам додека раатела поради тоа што нејзината мајка постојано и зборувала лоши работи за поранешниот сопруг.
Таткото и ќерката гледале стари семејни фотографии потсетувајќи се на минатото, на добрите и лошите работи. Запознвањето со татко и било драгоцено искуство за една млада жена, пред нејзе стоел маж кој немал никакви сличности со таткото кој таа го замислувала.
И самата вели: “Сеуште го барам. Мислам дека тоа секогаш ќе го правам. Сеуште не е готово. И нема да биде готово уште десет години“, напишала Маркозијан за својот интимен и животен проект.
 
 Денес, оваа 25 годишна наградувана фотографка поминала 15 години обидувајќи се да го најде својот татко, кога конечно минатата година се сретнала с

Пронајдете не на следниве мрежи: