Девојка во писмена задача открила ШОКАНТНА ВИСТИНА за нејзиниот очув…

Алберт Таратс (62) од Њујорк е осуден на 18 години затвор поради силување, сексуална злоупотреба и загрозување на благосостојбата и психичкото здравје на дете, а она што довело до неговото апсење и судење е составот кој го напишала неговата поќерка во тоа време 18-годишна, на примениот испит за Христијанскиот колеџ на Флорида.Темата на есејот била тешки настани од животот на кандидатите, а девојката при таа прилика опишала како нејзиниот очув во повеќе наврати ја силувал и ја злоупотребувал кога имала само 8 годинки.
Откако го прочитала составот, мајката на девојчето свртела на бројот на кој се пријавува силување и домашно насилство и стапила во контакт со полицијата, по што Тарас е уапсен.
Поќерката на судењето не се појавила, но затоа испратила своја писмена изјава, во која од судијата бара максимална казна.

 

Вели дека тоа што конечно ја раскажала приказната за своето силување во писмениот состав и во писмената изјава за судијата и помогнало конечно на некој начин да ја надмине таа траума од својот живот. “Како огромна тежина да ми падна од раменици. Верувам дека тој мора да биде казнет за тоа што ми го направи”, вели девојката.
Самиот Таратс, кој за време на истражниот процес во затворот бил изложен на физичка и ментална злоупотреба од страна на другите затвореници, тврди дека не е виновен и дека никогаш на ниту еден начин не ја злоупотребил својата поќерка и дека приказната од нејзиниот состав е злонамерна измислица. Оваа изјава на суд ја прочитал неговиот адвокат бидејќи Таратс е неписмен.Темата на есејот била тешки настани од животот на кандидатите, а девојката при таа прилика опишала како нејзиниот очув во повеќе наврати ја силувал

Пронајдете не на следниве мрежи: