КАКОВ ПРЕСВРТ: Идеалното ариевско бебе е всушност еврејско девојче

80-годишна Еврејка конечно ја откри неверојатната приказна за тоа како нејзиното лице се нашло на пропагандниот леток на нацистичката партија, изгледајќи како „идеално ариевско“ дете.Професорката Хеси Тафт, која живее во Њујорк, имала само шест месеци кога нејзината мајка ја однела кај познатиот берлински фотограф Ханс Балин. Без знаење на семејството, Ханс ја испратил фотографијата за нацистичкиот конкурс за избор на „ариевско бебе“.
Се претпоставува дека Гебелс лично ја избрал фотографијата на Хеси. Нејзиниот лик се појавувал на секаков вид пропаганден материјал.

 
„Денеска можам да се смеам на сето тоа, но да знаеја дека сум Еврејка, немаше да бидам жива“, вели Хеси.
Мајката на Хеси не знаела дека фотографијата била испратена на конкурсот, сѐ додека не ја видела својата ќерка на пропагандниот материјал. Таа се соочила со фотографот кој и дал објаснување дека сакал да ги исмее Нацистите.
Хеси Тафт денес е професор по хемија во Њујорк. Таа успеа да го испрати сочуваниот материјал во Меморијалниот центар за Холокаустот „Јад Вашем“ во Израел.
Нацистите никогаш не го откриле вистинскиот идентитет на идеалното ариевско бебе. Семејството побегнало од Германија откако таткото бил привремено во затвор, а потоа пуштен со помош на својот пријател кој бил сметководител на нацистите. Во Париз заминале во 1938 година, а потоа припадниците на францускиот отпор им помогнале да побегнат на Куба. После војната се преселиле во САД.
Професорката Хеси Тафт, која живее во Њујорк, имала само шест месеци кога нејзината мајка ја однела кај познатиот берлински фотограф Ханс Балин. Бе

Пронајдете не на следниве мрежи: