Шведскиот рибар Лиам Марског (20) бил на ловење со пријателите и здогледал риба со необичен облик која не сакала да се фати за јадицата.Видовме навистина голема штука, но од некоја непозната причина таа не сакаше да загризе. Обично штуките се агресивни, а оваа чудно се однесуваше – раскажал Лиам за The Local.
После неколку часа ловење друштвото рибари повторно ја здогледале истата штука па одлучиле да го направат првиот потег…
Обликот на рибата бил необичен, изгледала како цилиндер и еден мој пријател на шала ја нарече кобасица.На крајот излезе дека е во право- кажува Лиам низ смеа.
Пријателите исто така потврдиле дека штуката чудно се однесува и изгледало како да е во болки па затоа ја убиле и ја распарчиле.
Тогаш во 8 килограми тешка штука здогледале половина изедена кобасица.
Не можев да си верувам на очите. Во штуката имаше половина спакувана кобасица.Некој сигурно ја фрлил а рибата била доста гладна- кажува Лиам и додава дека рок на траењето бил до 1 декември па кобасицата веројатно не била долго во рибата.Мирисот бил доста непријатен. Рибарите одлучиле да ја фрлат рибата со кобасицата во неа.
Видовме навистина голема штука, но од некоја непозната причина таа не сакаше да загризе. Обично штуките се агресивни, а оваа чудно се однесуваше –


