Сеедно дали се депилирате со восок преку целата година или само сезонски, овие правила поврзани за депилација со восок никако не смеете да ги заборавите.1. Пред депилација не пијте кафе
Доколку имате закажано термин за депилација немојте претходно да пиете кафе. Професионалците тврдат дека кофеинот го зголемува чувството за болка. Истото важи и за алкохол.
2.Скокнете под топол туш
Доколку имате време, пред самата депилација истуширајте се со топла вода Пареата ги отвара порите.
3. Направете пилинг
Обавезно направете пилинг за да ги отстраните мртвите клетки од кожата и да избегнете враснување на влакненца.
4. Депилирајте се седум дена по циклусот
По секоја цена избегнувајте ги „критичните денови“ бидејќи тогаш сте најчуствителни.
5. Немојте да се бричите помеѓу третманите
Доколку сте се одлучиле за депилација со восок, бидете доследни. Доколку ги избричите седум дена пред третманот, депилацијата ке биде поболна, а резултатот нема да биде ист.
6.Избегнувајте полиестер по депилацијата
Користете памучна долна облека за кожата да може да дише.
7. Негувајте ја кожата
За нега на кожата по депилација најдобри се геловите со алоевера, бејби масла или хранливи креми за тело.
1. Пред депилација не пијте кафе
Доколку имате закажано термин за депилација немојте претходно да пиете кафе. Професионалц



