30 работи кои треба да почнете да ги правите за себе – I дел

Марк и Ејнџл се авторите на книгата „1000 мали работи кои среќните успешни луѓе ги прават дефинитивно“. Еве ја нивната неверојатна листа на 30 работи кои треба да почнете да ги правите.1. Почнете да го поминувате времето со вистинските луѓе. Тоа се луѓето со кои уживате, кои ве сакаат и почитуваат, оние кои ве прават да се чусвствувате живи.
2. Поченете да се соочувате со проблемите со крената глава. Не се проблемите тие кои ве дефинираат , туку начинот на кој се соочувате со нив и како се опоравувате од нив. Проблемите нема да исчезнат доколку не превземете акција. Направете се што можете, кога можете и воочете што сте направиле.
3. Почнете да бидете искрени со себе за се. Бидете искрени со со се што е во ред, но исто така и со она што треба да се промени, за она што сакате да го постигнете, едноставно бидете искрени со секој аспект од вашиот живот.
4. Почнете да ја ставате вашата среќа на прво место. Вашите потреби се важни. Доколку не се вреднувате себе си, побарајте се и држете се до себе, се саботирате себеси. Кога ќе ги запознаеете своите потреби, ќе бидете многу поспособни да им помогнете и на останатите.
5.Почнете да бидете свои, горди и искрени. Доколку се обидувате да бидете некој друг, тоа е трошење на вистинската личност во вас. Бидете свои. Охрабрете ја индивидуаата во вас која има идеи, сила и убавина како никој друг.
6. Почнете да живеете во сегашноста. Сегашноста е чудо. Животот е сега. Затоа престанете да рзмислувате за тоа како работите би биле прекрасни во иднина. Престанете да се замарате со тоа што се случило или што не се случило во минатото. Ценете го светот со убавината што ја има токму сега.
7. Почнете да учите од сопствените грешки. Грешките се во ред, тие се патека до успехот. Доколку не потфрлате од време на време, не се трудите доволно и не учите. Ризикувајте, паѓајте, потоа станете и обидете се одново.

8. Бидете покултурни кон себе. Доколку имате пријател кој ви се обраќа на истиот начин на кој понекогаш вие се обраќате кон себе, колку време би дозволиле таа личност да ви биде пријател? Мора да се сакате такви кави што сте, во спротивно никој друг нема да ве почитува.
9. Уживајте во работите кои веќе ги имате. Проблемот со многумина од нас е тоа што мислиме дека ќе бидеме посреќни доколку достигнеме одредена позиција во животот, позиција на која гледаме други луѓе. Ќе го потрошите животот работејќи на нешто ново без да имате време да уживате во она што веќе го имате.
10.Креирајте ја сопствената среќа. Доколку чекате некој друг да ве развесели, пропуштете многу. Бидете среќни со она што сте сега, препуштете вашиот позитивен карактер да ве води во иднината.
11. Дајте им шанса на вашите соништа и идеи. Во животот ретко добивате шанса, затоа не ја пропуштајте. Никогаш не можете да бидете 100 % сигурни дека ќе ви успее, но секогаш можете да бидете 100 % сигурни дека ништо не сте направиле ништо во животот. Поголемиот дел од времето едноставно мора да се трудите.
12. Верувајте дека сте подготвени за следниот чекор. Подготвени сте! Размислете за тоа. Имате се што ви е потребно за да го превземете следниот мал чекор напред.
13. Влезете во контакт со други луѓе поради вистинските причини. Стапете во однос со стабилни, чесни луѓе кои ја одсликуваат вашата личност и личноста која сакате да бидете.
14. Дајте им шанса на луѓето кои неодамна сте ги запознале. Звучи грубо, но не можете да ги задржите истите пријатели засекогаш. Бидете подготвени да учите, бидте подготвени за предизвик, и бидете подготвени да запознаете некој кој може да ви го смени животот засекогаш.
15. Натпреварувајте се со поранешната верзија од вас. Бидете инспирирани од другите, учете од други, но знајте дека натпреварувањето со нив е трошење време. Можете да се натпреварувате само со една личност- со самите себе си. Натпреварувајте се да бидете што подобри.
 Продолжението од текстот можете да го погледнете на следниот линк: 30 работи кои треба да почнете да ги правите за себе – II дел1. Почнете да го поминувате времето со вистинските луѓе. Тоа се луѓето со кои уживате, кои ве сакаат и почитуваат, оние кои ве пра

Пронајдете не на следниве мрежи: