Фотографијата е објавена на 30-ти јуни и до денес собра повеќе од милион лајкови, а споделена е повеќе од 50 000 пати. Фејсбук страницата „Humans of New York“ секојдневно ни носи интересни работи од животот на жителите од Њу Јорк. Нејзиниот автор Брендон Стантон фотографира непознати луѓе и ги бележи нивните животни приказни. Последната приказна која ги воодушеви корисниците на Фејсбук доаѓа од една американка која сакала да ја сподели својата гордост поради фактот дека успеала во животот и покрај околностите поради кои се чинело дека е осудена на неуспех.
Погледнете за што се работи на следната страна:
„Добив дете на 16 години. Бев исфрлена од средно училиште поради изостаноци. Моето семејство и заедница ме отпишаа. Но веднаш добив работа во трговија со спортска опрема. Скоро успеав да добијам работа како рецепционерка во компанија ми дадоа доволно одговорност па научив да работам и со данокот. Со време научив доволно за да станам помошник. Потоа ми понудија работа во помала компанија и иако се работеше за помала плата, ми понудија да ги водам сите нивни книги, обврски кон добавувачите, купувачите, се…Се работеше за помалку пари, но сакав искуство па ризикував. Ми рекоа дека не можат службено да ме назначат како ревизор, бидејќи немам факултетска диплома, па за 5 месеци го завршив потребниот курс, за се да биде како што треба. Значи, после детето на 16 години, стигнав до ревизор во компанија, сето тоа без факултетска диплома. Можете ли да поверувате? “
Фотографијата е објавена на 30-ти јуни и до денес собра повеќе од милион лајкови, а споделена е повеќе од 50 000 пати. Фејсбук страницата „Humans of New York“ секојдневно ни носи интересни работи од животот на жителите од Њу Јорк. Нејзиниот автор Брендон



