Во Гуо (45) од Кина нема раце, но може да го вози својот автомобил со помош на стапалата. Меѓутоа, полицијата го запленила неговото возило затоа што е „премногу опасен“ иако веќе поминал 160.000 километри без никаков инцидент пишува Daily Mail.Полицијата навела дека е опасност самиот за себе и за другите возачи. Во Гуо е застанат во текот на рутинска сообраќајна контрола во градот Сјанитао во покраината Хубеи. Откриено е дека нема дозвола и со стапалата го вози автомобилот.
Левата нога ја користи за да управува со воланот, а со десната ја контролира кочницата.
Тој тврди дека поминал 160.000 километри без никаков инцидент.
Кога имал 7 години ги загубил рацете. Косел трева и случајно ги доперел каблите и доживеал струен удар. Рацете му се ампутирани, а подоцна започнал стапалата да ги користи за се како што е миење заби, пишување….
Женет е има два сина, живее од продажба на овошје и вели дека е среќен. Но, му треба автомобил поради работата.
Полицијата рекла дека нема да го казни и дека ќе му го вратат автомобилот ако најми возач.
Полицијата навела дека е опасност самиот за себе и за другите возачи. Во Гуо е застанат во текот на рутинска сообраќајна контрола во градот С



