Грицкате нокти? Се обидувате да се ослободите од тоа? Се борите со стресот?Доколку до сега не ви успевало, можеби овие информации дополнително ќе ве поттикнат да се ослободите од оваа грда навика поради која вашите нокти се уништени.
Членот на американското дерматолошко здружение Ричард Шер за „Time“ изнел кои проблеми се закануваат поради оваа грда навика и зошто може да биде опасно по здравјето. Под ноктите се кријат разни бактерии како што е салмонела и ешерихија коли, а кои лесно ќе ги внесете во организмот доколку грицкате нокти.
Не е само проблем кога се работи за ноктите. Не смееме да ги занемариме заноктиците. Кога ги гризете нив, го зголемувате ризикот тоа место да се инфицира и да загнои.
Дерматолозите предупредуваат дека не е ретко и пренесувањето на вирусни брадавици од раката на лицето и устата. Доколку ги грицкате ноктите ги уништувате и забите бидејќи со текот на времето и тие можат да се помрднат, но и да го сменат обликот.
Грицкањето нокти обично има психолошка позадина, но потребно е да се најде некое друго решение за ослободување од стресот. На пазарот има многу производи кои можат да ви помогнат да се ослободите од оваа лоша навика, но доколку и ова не ви помогне консултирајте се со доктор за што побрзо да се ослободите од грицкањето нокти.Доколку до сега не ви успевало, можеби овие информации дополнително ќе ве поттикнат да се ослободите од оваа грда навика поради која вашите нокти с



