Ја носите ли косата собрана во опавче, пуштена, кратка или секогаш средена?Доколку со години ја носите истата фризура, тоа говори многу за вашиот карактер. Сеедно дали сакате коњско опавче, додатоци за коса, рамни шишки, разбушавен или среден боб, вашата фризура кажува многу за вашиот стил или карактер.
Коњско опавче
На прв поглед цврсто врзана коса може да не асоцира на ученички, но всушност укажува на многу одржувана жена. Онаа која ќе се одлучи на ваква фризура, како да му порачува на светот дека нема многу време за губење на средување, туку дека е зафатена и има многу работа.
Боб
Оваа фризура истотака покажува девојка која не се плаши од ништо и спрена е да проба нови работи. Жената која носи боб спремна е секогаш да превземе иницијатива, да ги засука ракавите и да ја одработи работата.
Распуштени локни
Пуштање на косата „на слобода“, без никакви препарати, ластичиња, шноли и сл. укажува на многу самоуверена жена која нама потреба никому да му се докажува туку дека се чуствува многу самоуверено и доволно сигурно дури и кога можеби секој прамен од косата „води своја политика“.
Фризура како од соништата
Жените кои секогаш изгледаат како штотуку да излегле од фризерски салон, свесно или не покажуваат дека преферираат ред и доследност во животот.
Модни детали за коса
Жените кои носат украси за коса покажуваат сакаат да се истакнат во масата. Тие не се плашат од промени, сакаат да се забавуваат и секогаш се во потрага по авантури.
Доколку со години ја носите истата фризура, тоа говори многу за вашиот карактер. Сеедно дали сакате коњско опавче, додатоци за коса, рамни шишки, р



