Момче измислило направа со која може да спаси бебе во топол автомобил

Дванаесетгодишно момче од Тенеси креирало уред со кој може да спречи деца да умираат во топол автомобил. Ендру Пелм направил „E-Z Baby Saver“, светла неонска лента која ја составил од салотејп и ластици. Тоа го направил уште минатата година, кога одел во петто одделение.
Овој уред, за кој Ендру добил награда, се прикачува за седиштето на возачот и на внатрешниот дел на рачката на вратата, така што родителите ќе се сетат да погледнат назад при излегување од втомобилот.
Овој производ веднаш бил пофален бидејќи многу лесно се монтира и се состои од работи кои можат да се најдат во било кое домаќинство.
Ендру неодамна добил награда за млад изумител и од тогаш пораснал интересот за него. Како награда добил 500 долари, а парите ги потрошил за лаптоп.
Во 2013 година починале 33 деца од Америка во автомобили од топлина, а досега во 2014 дури 13 фатални случаи.
 Ендру Пелм направил „E-Z Baby Saver“, светла неонска лента која ја составил од салотејп и ластици. Тоа го направил уште минатата година

Пронајдете не на следниве мрежи: