Дали знаевте дека електронските цигари трујат повеќе и од тутунот?!

Електронските цигари се штетни и полни со отровни супстанци. Германските експерти предупредуваат дека пропиленгликол состојката којашто се додава во цигарите за да предизвика никотинска пареа може да предизвика трајно оштетување на респираторниот систем. Според нив, скоро 90% од електронската цигара е составена од оваа штетна состојка, а нивната употреба е забранета во Австралија и Канада.
И во Македонија многумина од пушачите со желба да се откажат или да го намалат пушењето цигари ја употребуваат, но д-р Весна Спировска од Институтот за јавно здравје ги предупредува пушачите да не ја користат и да практикуваат други методи на откажување како што е џвакање мастики, употреба на назални спрејови и слично. Доктор Спировска е вклучена во проектот на Министерството за здравство со кој деновиве почнаа да функционираат советувалиштата за откажување од пушењето во повеќе градови низ државата меѓу кои Скопје, Битола, Куманово, Кочани, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Штип.
– Во секој Центар за јавно здравје почна да функционира советувалиште за откажување од пушење, каде стручен и обучен кадар од доктор и медицинска сестра ќе одржуваат едукативни предавања за штетноста на пушењето. Советувањата ќе се реализираат секој вторник и четврток од 13 до 15 часот – вели д-р Спировска. Таа нагласи дека обуката прво ќе биде наменета за лекарите коишто сакаат да се откажат од пушење цигари, а подоцна главната таргетна група ќе им биде младата популација од основните и средните училишта кои се потенцијални пушачи.
Според Студијата изработена од Институтот за социјална медицина секој трет лекар во државата е пушач, а речиси 30 проценти од граѓаните се љубители на овој порок. Пушењето е позастапено кај мажите-лекари, а ниту еден од лекарите не потврдил дека употребува никотинска замена со цел да се одвикне од цигари.

 
Во овие советувалишта едукацијата на сите лица кои ќе ги посетуваат ќе биде групна, но бидејќи откажувањето од пушењето претставува релативно долготраен процес кој не се заокружува со само едно едукативно предавање, во советувалиштата е предвидена и индивидуална едукација на лицата кои ќе искажат желба и волја да се откажат од пушењето.
Кога пушачите се откажуваат од пушење во рок од првите 20 минути крвниот притисок се намалува, а во првите 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта се нормализира. Во период од 2 до 12 недели, циркулацијата се подобрува и функцијата на белите дробови се зголемува, а во периодот од 1 до 9 месеци се намалува и кашлањето и отежнатото дишење.
Во текот на првата година, ризикот од коронарна срцева болест е за половина намален во однос на ризикот кој постои кај пушачите, а после 5 години од откажувањето, ризикот од срцев удар е намален, односно еднаков со оној на непушач. По изминати 10 години после откажувањето, ризикот од рак на белите дробови се намалува на околу половина од ризикот кој го сноси непушач, а воедно се намалува и ризикот од рак на устата, грлото, храноводот, мочното бабуле, грлото на матката и панкреасот – укажуваат истражувањата на медицинските експерти и дополнуваат дека после 15 години од откажувањето, ризикот од коронарна срцева болест е еднаков со оној на непушачите.
Употребата на тутун е водечка причина за смрт од која починале околу шест милиони луѓе во светот и 1,6 милиони само во Европа. Тутунот е главниот фактор кој придонесува за ракот на белите дробови и срцевите заболувања.Германските експерти предупредуваат дека пропиленгликол состојката којашто се додава во цигарите за да предизвика никотинска пареа може да предизви

Пронајдете не на следниве мрежи: