Еве што ќе ви се случи ако го јадете ова секој ден

Престанете да се нервирате околу сите креми кои моментално ветуваат враќање на младоста кои чинат цело богатство, не секрет од полжав, змијски отров, кавијар… Сео тоа е помалку или повеќе фрлање пари, подобро помислете на храната која придонесува за убава кожа и генерално добро чуство.Нема потреба да трошите богатство на креми, поготово не на оние најскапите кои се рекламираат како „чудотворни“. Затоа секој ден јадете храна која ја поттикнува убавината одвнатре.
Црвена пиперка
Црвената пиперка е вкусен зеленчук која може да се јаде готвена и свежа. Една црвена пиперка содржи повеќе од 100 проценти дневна потреба од витамин С. Содржи и влакна и витамин В6. Богата е со каротеноиди кои помагаат против акни и ја подобруваат циркулацијата што влијае позитивно на кожата.
Црно чоколадо со 80 проценти какао.
Темното чоколадо е богато со антиоксиданси, масни киселини и флавоноиди кои и даваат сјај на кожата.
Антиоксидансите во темното чоколадо помагаат во смлување на грубоста на кожата и ја штитат од сонце.
Лосос
Лососот е одлична храна против стресот и депресии и ја задоволува дневната потреба за витамин D. Лососот истотака е богат со омега-3 масни киселини кои се одлични против брчки и акни и помагаат во хидратација на кожата одвнатре.
Кокосово масло
Кокосовото масло е еден од најдобрите извори на вредни заситени масти. Содржи богати есенцијални масни киселини и витамин Е, кои се идеални за одржување на влажноста на кожата, мека и без брчки. Користете го како крема за тело и конзумирајте по една лажица кокосово масло секој ден.
Зелен чај
Да, да зелениот чај е пијалок, но од листови. Пијте го секој ден, бидејќи е голем извор на антиоксиданси.

Спанаќ
Спанаќот е богат со хранливи материи – содржи железо, фолна киселина, клорофил, витамин Е, магнезиум. Поради своите антиоксидативни својства, витаминот С и Е – одличен е за вашата кожа.
Целер
Многумина го потценуваат овој вид зеленчук, но целерот содржи витамин К кој ја помага циркулацијата и го намалува високиот крвен притисок.
Тоа го намалува нивото на стрес, кој може да предизвика лошбтен, мингрена, па дури и рак.
Папаја
Папајата содржи антиоксидантски хранливи материи, вклучувајќи ги и витамините С и Е и бета-каротен, кои го смалуваат воспалението и акните.
Морков
Морковот е добар не само за вашите очи, туку и за кожата. Богат е со витамин А и спречува суперпродукција на ќелии на надворешниот слој кожа. Тоа е место каде вишокот себум доаѓа во допир со мртвите ќелии и ги затнува порите.
 Нема потреба да трошите богатство на креми, поготово не на оние најскапите кои се рекламираат како „чудотворни“. Затоа секој ден јадете

Пронајдете не на следниве мрежи: