Фејсбук врши тајни ппсихолошки истражувања врз корисниците!

Еве резултати од една анализа, а ќе ги има уште.Во текот на една недела, на англиското говорно подрачје, следејќи ја реакцијата на скоро 700.000 корисници, Фејсбук го мерел влијанието на емоциите врз однесувањето на корисниците кои ја „добивале“ таа емоција преку News Feed. Корисниците кои учествувале во истражувањето не биле извесени дека нивните реакции биле директно следени во текот на неколку недели.
Како што стои во соопштението на The Next Web порталот, Фејсбук го поделил спомнатиот број во две групи. Во едната биле оние на кои воглавно им биле пласирани весели и позитивни вести и известувања, додека на другата група им пласирале песимистични и објави со лоша содржина.

На крајот од истражувањето Фејсбук ги обработил резултатите кои покажале дека корисниците во наредните денови на друштвената мрежа изразувале ставови во склад со содржините кои им биле објавувани во текот на претходните денови – првата група имала позитивни мисли и објави, додека пак другата група била помалку расположена и постовите биле песимистични. Фејсбук тврди дека ова е прво вакво истражување кое докажало дека и текстуалната содржина може да доведе до големи промени во емоциите и однесувањето, како и тоа дека статусите и текстуалните објави на друштвените мрежи се „заразни“, односно можат во целост да ја трансформират емоционалната „слика“ на корисникот.
Фејсбук со своите „правила на игра“ си овозможува себе си да спроведува тајни психолошки истражувања врз своите корисници, но многумина ова го поврзуваат со злоупотреба на социјалните мрежи. Фејсбук најавува нови истражувања, но како може да ги спроведува без претходно информирање на корисниците – кој ни гарантира дека и сега не спроведуваат некое??Во текот на една недела, на англиското говорно подрачје, следејќи ја реакцијата на скоро 700.000 корисници, Фејсбук го мерел влијанието на емоциите

Пронајдете не на следниве мрежи: