Денеска е 100-годишнината од Првата светска војна

На денешен ден пред еден век, младиот Гаврило Принцип во Сараево го уби австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд, што на таа земја и послужи како повод за напад на Србија и како повод за започнување на Првата светска војна.Принцип, Србин од Босна, бил член на политичко-револуционерната младинска организација „Млада Босна“. Со уште неколку членови од таа организација, тој на 28 јуни 1914 година изврши атентат врз престолонаследникот, во кој починала и неговата сопруга Софија Хотек.
Австроунгарските власти го обвинија Кралството Србија дека стои зад тој атентат, иако тој беше извршен без нејзино знаење.
Австро-Унгарија и официјално и објави војна на Србија во која нешто подоцна се вклучуваат сојузничките на едниот или другиот сојуз. Со тоа, овој датум се смета како официјален за почетокот на I Светска војна.
Непосредно пред започнувањето на Првата светска војна Македонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на Србија, Бугарија и Грција. Ангажирањето на Србија во војната со Австро-Унагарија довела до регрутација на Македонците во Вардарска Македонија. Регрутација на Македонците извршиле и Бугарија и Грција. Грција мобилизирала околу 20 000 Македонци. Најголема мобилизација извршила Бугарија меѓу Македонците во Пиринска Македонија и македонската емиграција.
Првата светска војна ја раздвижува македонската емиграција. Непосредно по влегувањето на Бугарија во војната, Крсте Петков Мисирков побарал да се обедини Македонија и да се оформи како автономна политичка единица. Во Швајцарија било формирано македонското друшво за Независна Македонија, тие побарале да се формира самостојна и независна Македонија која подоцна би можела да влезе во рамките на една балканска федерација. Македонската емиграција во Бугарија била поделена и имала различни погледи за судбината на Македонија. Привременото претставништво на „поранешната Внатрешна организација“ да се формира Автономна Македонија во нејзините географски и етнички граници, а одругата страна бил Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации и групацијата околу Тодор Александров, тие побарале автономија на Македоднија, а ако не може, тогаш таа цела да се присоедини кон Бугарија.Принцип, Србин од Босна, бил член на политичко-револуционерната младинска организација „Млада Босна“. Со уште неколку членови од таа ор

Пронајдете не на следниве мрежи: