Новопечена мајка која денеска би го прославила својот 36-ти роденден, била многу истоштена, по породувањето со своето прво дете. Меѓутоа 2 дена по раѓањето на малиот Зак, семејството на Лиса Паркисон добило повик од страна на медицинските лица во болницата Ројал Олдхам, повик кој засекогаш им ги променил животите.Денес, нејзиното семејство бара одговори за нејзината смрт. Сестрата Ally Ziemniak (40) вели:
„Бабицата отиде во посета во 8 : 30 претпладе и забележа дека нешто не е во ред. Се обидоа да ја оживеат, но не успејаа. Лежеше во креветот, крв имаше насеаде, беше страшно.“
Лиса паркисон била примена во болница во сабота. И бил извршен пораѓај со царски рез, поради незгодната положба на бебето, и Зак е роден околу 2:30 часот по полноќ. Во неделата детето е однесено во единицата за интензивна нега додека неговата мајка одмарала после операцијата.
Таткото на Лиса Паркисон во понеделникот утрото добил повик од болницата, со кој му соопштиле дека во тек е итна медицинска интервенција. Нејзината мајка изјави:
„Кога стигнавме во болницата очекувавме да ни речат дека мора да оди на операција, но таа веќе беше мртва.“
После пораѓајот Лиса и рекла на мајка си дека има страшна главоболка. Нејзиното семејство денес се прашува дали тоа има некаква врска со нејзината смрт.
Мајката уште додава; „И направија царски рез с епидурална анестезија така што беше будна во текот на пораѓајот. Во текот на царскиот рез и се појавија главоболки поради кои се жалеше и после пораѓајот. Рекоа дека тоа е поради притисокот и и дадоа инекција да и го намалат притисокот. Главоболките потоа престанаа. Не знаеме дали тоа има врска со нејзината смрт бидејќи уште не добивме резултати“ – додава мајката на Лиса Паркисон.Денес, нејзиното семејство бара одговори за нејзината смрт. Сестрата Ally Ziemniak (40) вели:
„Бабицата отиде во посета во 8 : 30 пре



