ПРАВЕЦ ЗА МАКЕДОНИЈА: Се виделе после 36 години – Една порака променила се…

Познатиот лознички моторџија Baja Đelić, сопственик на еден „харли дејвидсон“ во регионот, благодарение на моторџиските врски, го пронајде својот другар од војска со кој не се слушнал ни видел, цели 36 години.Тие двајца, конечно во март оваа година воспоставиле контакт преку Фејсбук, после што Баја не се двоумел воопшто дали да тргне за Македонија и да се сретне со својот другар Крсто Крстев од Струмица.
– Беше тоа трогателна средба, бидејќи не се имавме видено и слушнато дури од 1978 година. Заедно бевме во ЈНА во Скопје, но животот го нарави своето па оттогаш не се сретнавме се до сега, раскажува Баја, кој на пат долг 700 километри во еден правец, тргнал со својот другар моторџија Џери од Белград.
Продолжува на следната страна:

 

Крсто исто така бил љубител на морори, но после смртта на брат му близнак Кире, доживеал стрес, шеќерот му се покачил, па престанал да вози.
– Киро во 2007 година доживеал срцев удар, а Крсто својот мотор го подарил на моторџискиот клуб „Потпат“ во чие кафуле уште стои изложен на ѕидот. Крсто уште се дружи со моторџии, и со нив го посетивме Дојранско Езеро. Пред да се вратам за Лозница, струмичаните ми организираа вечера за испраќање, а на мојот повик да ја возвратат посетата одговорија позитивно. Ги очекувам на некоја од мото – собирите во Лозница, раскажува Баја.Тие двајца, конечно во март оваа година воспоставиле контакт преку Фејсбук, после што Баја не се двоумел воопшто дали да тргне за Македонија и да с

Пронајдете не на следниве мрежи: