8 причини зошто помалку да се шминкате

Знаеме дека најмногу на светот сакате да вложите пари во најнов хит производ, но понекогаш е добро да ја прескокнете секојдневната рутина за шминкање….Ах таа шминка… Трошиме многу пари за неа, часови поминати во шминкање, и часови поминати во симнување на истата.
Зарем не би било прекрасно понекогаш да ја прескокнеме ова рутина и едноставно да уживаме во свежиата на лицето?
Всушност, можеме тоа да го направиме, бидејќи никој не не спречува во тоа, а чуството е фантастично! Еве неколку причини зопшто треба да ја го прескокнете нанесувањето на пудра и да го одморите малку лицето.
Вашата кожа ќе ви биде благодарна
Сакаме ние шминка! Но некогаш на нашата кожа и е потребана пауза за да се ослободи од непотребните токсини. Шминката ги затнува порите, затоа, пуштете ја кожата да дише за промена! Нахранете ја со хидратантна крема и само гледајте како исчезнуваат мозолките, а вашето лице го враќа изгубенијот сјај.
Чуството е прекрасно
Се сеќавате ли на она чуство на чисто? Е сега замислете си така да се чуствувате цел ден и да не морате да се грижите за својта пудра на топло! Не само што ќе ви изгледа кожата посвежо кога нејзиниот природен тен ќе дојде до израз, туку и за момент нема да мора да ја поправате шминката.

Ќе заштедите пари
Точно е дека ништо не звучи поримамливо од ново руменило, но, шминката е скапа драги мои дами, и не рате на дрво. Не велиме дека не треба да ја купувате, ве подржуваме во тоа бидејќи шминката е забавна – но доколку ја носите ретко и тоа само во посебни прилики.Ќе имате повеќе време за лежење во кревет наутро
Во просек, поминуваме година и три месеци од животот шминкајќи се, а тоа е драгоцено време кое можеме да го искористиме за спиење. Да не спомнуваме колку време треба за шминката да се отстрани навечер!
Не ви е потребна
Дали некогаш момчето ви рекло дека сте поубави без шминка? Не грижете се не е тоа комплимент за да се извлече од некоја грешка која ја направил. Всушност ви ја кажува вистината.
Се размачкува
Да бидеме искрени – никогаш шминката не останува на место! Би било совршено да поминете цел ден без да се грижите дали ви се размачкало моливчето за очи. Едноставно е само треба да не се нашминкате!
И онака сега е во тренд шмиката со ефект на „без шминка“
Секоја сезона се наметнуваат нови производи со кои ќе изгледате како да не носите шминка. Едноставно заштедете си го трудот и излезете само свежо измиени!
Познатите дами не носат шминка
Потребно е само да фрлите поглед на фотографиите на некои од најубавите жени на светот и ке видите за што зборуваме. Деми Ловато, Џесика Алба, Лупита Нијонго и Џенифер Лоренс се само некои од убавиците кои изгледаат совршено – и тоа без шминка!
 Ах таа шминка… Трошиме многу пари за неа, часови поминати во шминкање, и часови поминати во симнување на истата.
Зарем не би било прекрас

Пронајдете не на следниве мрежи: