6 совети со кои конечно ке престанете да го мразите вежбањето

Доколку тешко се одлучувате да вежбате или некако успевате, но секој пат помислувате оф, не , повторно…., еве неколку совети кои ке ве мотивираат повеќе. Пробајте ги и верувајте во себе, и никако не се откажувајте, уште помалку со реченицата Ма јас сум мрзлива да вежбам, бидејќи можете. 1. Сменете го начинот на вежбање
Можеби тешко ви паѓа одењето на тренинг бидејќи постојано правите ист вид вежби и не ги менувате справите за вежбање (во тој случај потрудете се, секако променете ги справите и видот на вежби), а можеби едноставно треба да го промените спортот со кој се занимавате. На пример, динамичениот аеробик со денс музика заменете го со јога или пилатес, пропратен со тиха, сирувачка музика.Ако ви е пренапорно џогирањето, пробајте со пливање. Постои низа спортови- дознајте какви ви се можностите, што се се нуди во вашата околина, и појдете барем на пробен тренинг, можеби пријатно ке се изненадите!
2. Трик со психата: бидете сам свој тренер
Основната психологија не учи дека човекот мора да се сака самиот себе и во прв ред да биде сам свој пријател. Или во овој случај- тренер. Вежбањето, заедно со правилна исхрана, е главна причина за витка линија и борец против стресот, лошото расположение и рани болести. Доколку во текот на вежбањето немате тренер, замислете си што се би сакале тренерот да ви каже, што би и кажале на личност слична на вас, која забушава. Подигнете го показалецот и сами себе кажете си „Еј, Ќе вежбаш! Нема изговори“.
3. Додајте музикаили дури и филм
Покрај добра музика или нешто што ви го привлекува вниманието а е интересно, ќе бидете уште повеќе мотивирани за вежбање. Ако на тренинзите немате музика, можете да ставите слушалки и да си ги пуштите најомилените песни. Доколку вежбате на собен велосипед, свртете се кон телевизорот и пуште те си добар филм. Така времето побрзо ќе ви помине.

4. Следете го напредувањето
Направете табела и во неа забележувајте кога и колку сте вежбале. Доколку сакате и да ослабнете, во табелата забележете ја и килажата, што сте јаделе и дали внесувате доволно вода во организмот.
5.Вежбајте во добро друштво
Во добро друштво се е полесно, па така и вежбањето. Доколку на пример вашата пријателка истотака се запише на курс по зумба, ќе можете да се мотивирате една со друга.
6.Натпреварувајте се
Доколку можете, учествувајте во некој натпревар бидејќи тоа ќе ве мотивира повеќе да се трудите. Поготово ако се работи за парична награда. Истотака можете да се обложите со пријателката, која ке направи повеќе склекови за еден месец. 1. Сменете го начинот на вежбање
Можеби тешко ви паѓа одењето на тренинг бидејќи постојано правите ист вид вежби и н

Пронајдете не на следниве мрежи: