Жално: Ова е последното селфи на идната невеста направено неколку минути пред смртта

Млада девојка од Мисури, која требало да се мажи следниот месец, починала во сообраќајна несреќа само осум минути откако ја направила селфи фотографијата со пријателката со која била во автомобилот.Американката од Мисури Колет Морено(26) починала во сообраќајна несреќа откако направила селфи фотографија. Била во автомобил со најдобрата пријателка Ешли Теобалд(26), а оделе на моминската вечер на Колет која наскоро требало да се мажи.

Колет ја направила фотографијата осум минути пред трагедијата. Ешли која го управувала автомобилот, се обидела да престигне камион. Преминала во спротивната лента и се судрила со автомобилот кој им наишол во пресрет. Во несреќата полесно биле повредени возачот на другиот автомобил и Ешли, додека Колет била пренесена во болница со тешки телесни повреди. За жал, таа набрзо им подлегнала на повредите.
Колет требало да се венча следниот месец, а зад себе го оставила петгодишниот син.
Против нејзината пријателка поднесена е пријава поради невнимателно возење.
Американката од Мисури Колет Морено(26) починала во сообраќајна несреќа откако направила селфи фотографија. Била во автомобил со најдобрата пријате

Пронајдете не на следниве мрежи: