Студент осмисли систем за чистење на океаните од пластичниот отпад

Откривањето на пластиката го овозможи напредокот во готово сите подрачја од истражувањата и ја покрена нашата цивилизација да оди нанапред. Истовремено, пластиката е и главна состојка на огромното количество на отпад кој ја покрива земјата и предизвикува загадување на копното и водите.Во последно време, светот го обиколија фотографии од огромни лебдечки острови кои ја згрозија јавноста. Таквата реакција послужи и како поттик да се започне со организирање на акции кои се однесуваат на проблемот со складирање на пластичниот отпад и неговото рециклирање.
Пластичниот отпад годишно убива стотици илјади морски животни, а штетните хемикалии кои настануваат од пластиката влегуваат во синџирот на човековата исхрана.

На овој начин, во приказната влегува 19-годишниот Бојан Слат, студент по аеронаутика на холандскиот универзитет ТУ Делфт.
Концептот на неговиот систем за чистење на океанот се состои од долги и подвижни бариери кои лебдат на површината, и укотвени платформи каде што би се собирал отпадот и би се одвојувал од планктоните. Исто така, би се вршела дехидрација и евентуално складирање за понатамошна рециклажа на копното.
Според идејата на Слат, би постоеле мрежи за ваквите чистачи и тоа на подрачјата каде што се наоѓа најголемата акумулација на пластичен отпад и тие би го пренесувале отпадот до платформите користејќи ја природната енергија на морските струи. Слат проценува дека на овој начин би можеле да се соберат 7.250.000 тони отпад во период од 5 години, што е отприлика 1/3 од глобалното загадување на океаните со пластичен отпад.
Во последно време, светот го обиколија фотографии од огромни лебдечки острови кои ја згрозија јавноста. Таквата реакција послужи и како поттик да с

Пронајдете не на следниве мрежи: