Поранешен член на една секта во Белград си ја отвори душата за психичките малтретирања кој тој ги доживувал, како тоа дека на неговото семејство му се заканувале дека неговиот следен роденден ќе го слават на гробишта.Ова момче ќе ви покаже дека можете да се спасите од канџите на сектата чие здружение „Санатан“ било во селото Бели Поток.
Александар Стричевиќ сега слободен уметник и активист, а некогаш жител на ова село.Неговите први допири со сектата дошле преку Интернет, а потоа почнале закани преку мејл, писма, следење.
Еве како ја раскажува тој оваа страшна но вистинита приказна…
-Да, вистина е, заканите почнаа во моментот кога ја прекинав комуникацијата со нив. Мојот проблем беше што бев премногу исплашен, а покрај тоа и премногу ангажиран на нивните онлајн проекти и со самото тоа знаев премногу за нив, повеќе отколку што им одговараше. Започнаа со мејлови со заканувачка содржина, во истите мејлови можев да видам податоци за себе и за семејството кои ми ги испраќаа за да ја увидам сериозноста на нивните закани. Продолжија со телефонски повици. Се сеќавам дека прв трчав до телефонот бидејќи не сакав мојата мајка да се јави и да ги чуе заканите. Тоа траеше со недели се додека не сфатив дека ме следат.
Дури добивав и снимки и фотографии од себе како се движам во училиштето. Сфатив дека не можам да ја кријам тајната и дека морам да им кажам на родителите што се случува. Постои основано сомневање дка зад сето ова стоело здружението „Санатан“ со која стапив во контакт во август во 2012 – та година, раскажува Стричевиќ.Ова момче ќе ви покаже дека можете да се спасите од канџите на сектата чие здружение „Санатан“ било во селото Бели Поток.



