Неверојатно: Како ли овој коњ се најде на балконот?

Го позајмил од соседот да му ја испасе тревата, а потоа во страв некој да не го украде, го однел дома, на балконот.На многу случајни минувачи пред зградата ова им беше колку шокантно толку и урнебесно смешно.
Борис Козловски, 48-годишен човек од Грајева, Полска се обидувал да ја искоси тревата пред зградата, но му се расипала косилката. На помош му дошол соседот Јакоб Панзески, кој му рекол дека ќе му го даде коњот да му ја испасе тревата.
Така и било. Коњот завршил и подобра работа од косилката, а како бонус и самиот ја наѓубрил почвата (Знаете на што мислиме, нели?).
Тревникот бил среден, но сопственикот на коњот не се вратил по него. Во страв некој да не го украде, Борис го повел коњот дома и го однел на балконот од неговиот стан.
Луѓето кои поминувале пред зградата биле видно изненадени што виделе еден коњ на балконот. Некои и го фотографирале и го ставале на Фејсбук.
Јакоб подоцна сепак си дошол по својот коњ. Тој изјавил дека коњот, кој го вика Долина, е многу вреден, послушен и неверојатно мирен, што „ако со пушка му пукате крај увото, тој само ќе се сврти и ќе ве погледне, и потоа ќе се донесува како ништо д ане се случило“.На многу случајни минувачи пред зградата ова им беше колку шокантно толку и урнебесно смешно.
Борис Козловски, 48-годишен човек од Грајева,

Пронајдете не на следниве мрежи: