Од сега изразот „природно породување“, ќе има сосема ново значење. Американската телевизиска куќа „Лајфтајм“ најави снимање на риалити емисијата, која ќе ги следи искуствата на родителите кои одлучија да ги избегнат болниците и докторите за време на породувањето и да го донесат своето дете на свет во потполна дивина. Емисијата „Роден во дивината“, ќе покажува мајки кои се породуваат без ничија помош, окружени со убавината на природата.Продуцентите се надеваат дека ова шоу ќе им донесе лудачки рејтинзи, бидејќи Американците се навикнати на стерилните болници, а пораѓањето во сопствениот дом се` уште е прилично контроверзна тема.
„Ќе бидеме полни со мерки за претпазливост и ќе се погрижиме мајките и бебињата да бидат безбедни. Нашето присуство на овие породувања ќе ги направи да бидат посигурни“, тврдат од оваа телевизиска куќа.
Во меѓувреме, погледнете го видеото кое ја инспирираше оваа телевизиска куќа да го покрене реалното шоу:
Продуцентите се надеваат дека ова шоу ќе им донесе лудачки рејтинзи, бидејќи Американците се навикнати на стерилните болници, а пораѓањето во сопст



