Што ги прави психопатите поуспешни во бизнисот отколку психички здравите личности?

Лицата со одредени психички попречености во развојот се инспирација за многу писатели, режисери и други уметници. Се прашувате зошто? Поради нивниот уникатен начин на размислување.Во секоја сфера, па дури и во бизнисот присхопатите можат аномалиите во нивниот мозок да ги искористат за да дадат неверојатно продуктивни резултати. Во одредени моменти, делови од нивниот мозок може да функционираат со абнормално поголем интензитет отколку кај психички здрава личност. Ви наведуваме три главни причини поради кои психопатите се одлични бизнисмени:
Немаат страв
Поради послабиот интензитет на оваа основна човечка емоција, психопатите секогаш преземаат ризици во бизнисот, и тоа во најголем број од случаите им се исплати. Било тоа да е подобрување на односот со колегите или покачување на месечната плата, тие успеваат да истраат во своето барање без оглед на се.
Недостаток на емпатија
Иако не е карактеристична само за нив, кај психопатите овој недостаток е поизразен. Тие се подготвени да го добијат тоа што го сакаат без огледн на желбите и потребите на луѓето околу нив.
Силно усредоточување
Поради исклучувањето на емпатијата, психопатите можат многу силно и интензивно да се усредоточат на посакуваната цел. Тие со оваа нивна моќ можат да останат смирени и сконцентрирани и во прилично стресни ситуации.Во секоја сфера, па дури и во бизнисот присхопатите можат аномалиите во нивниот мозок да ги искористат за да дадат неверојатно продуктивни резултат

Пронајдете не на следниве мрежи: