За нормална работа на цревата: 5 природни пробиотици

Микроорганизми, или „добри бактерии“ кои со едно име се нарекуваат „пробиотици“ не само што се одговорни за нормалното функционирање на цревата, исто така го подобрува здравјето на целото тело. Пробиотиците му помагаат на телото да апсорбира витамини и минерали кои се неопходни за нормално функционирање на телото.
Вклучете ги во исхраната овие пет природни пробиотици и доведете го вашето здравје на повисоко ниво, без страв од можни вируси и настинки кои се типични за овој период од годината.
кефир
Овој напиток кој најсличен е на јогуртот, содржи широк спектар на пробиотски бактерии, како и 11 грама на протеини по чаша. Настанува со додавање на кефир зрна во млеко, што доведува до ферментација.
комбуха
Комбуха, со потекло од Кина, е освежувачки пијалак настанат од ферментација на засладен чај. Може да се најде во подобро снабдените продавници за здрава храна.

кисела зелка
Благодарение на пробиотските својства кои ги добива во процесот на ферментација, киселата зелка се вбројува во намирниците кои го зајакнуваат имунитетот и го штитат здравјето на луѓето. Најдобра опција е киселата зелка од домаќинството, бидејќи купечката често ги губи овие својства.
јогурт
При купувањето на јогурт обрнете внимание да го изберете оној на кој е наведено дека содржи живи или активни јогуртни култури, бидејќи тие се оние кои содржат пробиотички својства.
пиво од ѓумбир
Газиран, природно ферментиран пробиотик се појавил во Англија уште во деветнаесеттиот век. Иако официјално не се вбројува во алкохолни пијалаци, бидејќи содржи помалку од 0,5 проценти алкохол, сепак, внимавајте и ограничите го пиењето на чаша или две. Пробиотиците му помагаат на телото да апсорбира витамини и минерали кои се неопходни за нормално функционирање на телото.
Вклучете ги во ис

Пронајдете не на следниве мрежи: