Очите без сомнение се огледало на душата. Но исто така можат да ве предупредат на здравствени проблеми за кои можеби не сте свесни. Проверете ги следниве работи и дознајте повеќе информации за вашето тело.Крвави очи
Крвавите очи предизвикуваат збунетост. Но експертите велат дека доколку заедно со тоа не чувствувате болка или имате замаглен вид, немате причина за грижа.
Умор
Чувствувате ли умор после неколку прочитани страници од книга? Ви изгледа ли белката на окото нејасно и тапо? Имате ли темни кругови под очите? Тапиот поглед може да биде знак на уморни очни мускули и лоша циркулација. Адекватните количини на одмор и правилна исхрана ќе ви ги овозможат потребните хранливи состојки, како што е витаминот А, кој може да помогне вашите очи да „живнат“.
Жолти дамки
Поголемиот дел од нас знаат дека жолтата боја во очите може да биде знак за проблеми со црниот дроб. Но, дали знаевте дека жолтите очни капаци можат да бидат знак за зголемен холестерол? Добро погледнете ги капаците – ако забележите жолти дамки, закажете си термин на лекар, за проверка на холестеролот и контрола на здравјето на срцето.
Истакнати очи
Освен ако на надвор истакнатите очи не ви се семејна карактеристика, тие можат да ја означуваат прекумерната работа на штитната жлезда, што предизвикува ткивото да набабри. Ако со тоа чувствувате замор и губење на тежина, овој симптом немојте да го занемарите. Крвави очи
Крвавите очи предизвикуваат збунетост. Но експертите велат дека доколку заедно со тоа не чувствувате болка или



