Професии кои можат да ви го уништат бракот

Поедини професии се изложени на ризик од распад на брак за разлика од останатите, па така лекарите многу почесто се разведуваат од инженерите, се вели во една британска студија.Во најризични категории, во поглед на тоа работата да им го уништи семејното гнездо, се танчерите, кореографите, бармените или терапевтите, со дури 40 отсто поголеми шанси да се разведат од брачниот другар, велат авторите на студијата.
Болничарите и медицинските техничари, уметниците и спортистите се веднаш зад нив  и имаат 30 отсто шанси бракот да им се распадне.
Најмалку загрозени се браковите на инженерите и агрономите, со само 2 отсто ризик за развод на бракот.
Во студијата се наведува дека бројот на работни часа, прекувремената работа и работата за викенд немаат влијание врз разводите.
Авторите на студијата анализирале разведени или разделени парови во 449 различни професии.

 
Директорот на агенцијата „Релејшн и Перформанс“, Хамид Агини, сепак смета дека сите професии не се опфатени во оваа студија, и тоа токму оние во кои разводите се честа појава, а во кои ги става политичарите, директорите и новинарите.
Агини потсетува на честите брачни афери на претседателите на држави, кои постојано ги полнат насловните страници.
Директорот на агенцијата предупредува дека професиите во кои има лести состаноци и запознавање на нови луѓе, често се најризични за распад на бракот.
„Не е чудно што инженерите најмалку се разведуваат, бидејќи се работи за рационални личности, кои пред се бараат стабилност како во професионалниот така и во личниот живот“- заклучува Агини.Во најризични категории, во поглед на тоа работата да им го уништи семејното гнездо, се танчерите, кореографите, бармените или терапевтите, со дури

Пронајдете не на следниве мрежи: