Годишно од рак ќе заболуваат 22 милиони луѓе, а ќе умираат 13 милиони луѓе!

Предвидувања: Годишно од рак ќе заболуваат 22 милиони луѓе, а ќе умираат 13 милиони луѓе! На следниот ЛИНК прочитајте ги симптомите на ракот.Светската здравствена организација (СЗО) објави извештај за карциномот во светот за 2014 година во кој се наведува дека во наредните две децении двојно ќе се зголеми бројот на заболените од карцином. Од СЗО предвидуваат дека годишно бројката ќе достигне до 22 милиони лица кои ќе заболат од оваа болест, а 13 милиони ќе починат од карцином.
На подготовка на извештајот на СЗО работеле 250 експерти од 40 земји, а е работен под закрила на Меѓународната агенција за истражување на карцином при СЗО.
Во извештајот се наведуваат застрашувачки предупредувања и се наведуваат дополнителни напори за превенција од болеста. Во 2012 година во светот имало 14 милиони заболени од карцином, а експертите предупредуваат дека тој број во наредните 20 години ќе порасне дури на 22 милиони.

 
Слични предупредувања експертите имаат и по прашањето за зголемување на бројот на смртни случаи како последица од ракот. Во 2012 година нивниот број изнесувал 8,2 милиони, а за две децении тој број ќе се зголеми на 13 милиони годишно.
Истражувањата покажале дека најсмртоносниот карцином во 2012 е тој на белите дробови. Исто така се истакнува дека лечењето на карциномот станува се поскапо и тоа посебно доаѓа до израз во послабо развиените земји во светот.
РепубликаСветската здравствена организација (СЗО) објави извештај за карциномот во светот за 2014 година во кој се наведува дека во наредните две децении дв

Пронајдете не на следниве мрежи: