Зошто медитеранската храна е најдобра за слабеење

Медитеранската храна кај луѓето со висок ризик од срцеви болести може да ја намали веројатноста да се случи срцев или мозочен удар за дури третина.Во истражувањето спроведено во Шпанија на 7.447 луѓе на возраст од 55 до 80 години кои имале вишок на килограми, биле пушачи и имале дијабетес или други фактори за ризик од болести на срцето, биле поделени во две групи. На едната група им била дадена програма со медитеранска исхрана, а на другите исхрана со малку масти.
 
Оние кои биле на медитеранска исхрана јаделе пет порции овошје и зеленчук, три пати неделно риба, користеле маслиново масло и јаделе зрнести плодови секој ден. Исто така, јаделе бело месо наместо црвено и најмалку три пати неделно јаделе грав, грашoк и леќа и пиеле по една чаша вино на ден  за време на јадењето. Биле замолени да избегнуваат произведени слатки и да го ограничат консумирањето на млечни производи и преработеното месо.
Луѓето кои биле на медитеранска исхрана имале 30% помалку шанси да доживеат срцев или мозочен удар од смрт предизвикана од срцеви заболувања во споредба со оние на диета со ниски масти.
Истражувањето објавено во магазинот “New England Journal of Medicine” тврди дека ова е прв пат да се истражува медитеранската исхрана на вака ригорозни услови.
 
 Во истражувањето спроведено во Шпанија на 7.447 луѓе на возраст од 55 до 80 години кои имале вишок на килограми, биле пушачи и имале дијабетес или

Пронајдете не на следниве мрежи: