Видео: Погледнете како е погубен Чаушеску на Божиќ!

Пред да биде застрелан, поранешниот романски диктатор Николај Чаушеску, отпеал дел од својата омилена „Internacionale“ и рекол дека историјата ќе покаже дека тој бил во право.Бил претседател на Романија од 1965 година се до својата смрт – 1989 година. Судењето и изречената казна се снимени со камера, а снимката била прикажана на романска телевизија неколку дена подоцна.
Во 1932 година станал член на илегалната Комунистичка партија во Романија, и како нејзин активист бил апсен во текот на 1933 и 1934 година. Благодарение на тоа, во неговото полициско досие стои дека тој е „опасен комунистички агитатор“ и „активен растурач на комунистички и антифашистички пропаганди“.
Неговата сопруга, Елена, со која се оженил во 1946 година, играла многу важна улога во неговиот политички живот. Во 1965 година, Чаушеску бил поставен за генерален секретар на Романската работничка партија. Еден од неговите први потези бил да ја преименува партијата во Комунистичка партија на Романија и официјалното име на државата, наместо Народна Република Романија, да биде – Социјална Република Романија.
Во 1966 година ја забранил контрацепцијата и абортусот, а бракот можел да се поништи само во одредени случаи. Во 1989 година додека државата поминувала низ кризен и тежок период, и народот останал без леб, Чаушеску се појавувал на државната телевизија и зборувал за „високиот животен стандард“ во државата.
На 22 декември 1989 година, заедно со својата сопруга, со хелихоптер избегале од Букурешт, најпрво во Снагово, па во Трговиште каде биле уапсени од локалната полиција.

Стрелани се во Трговиште. Заедно. Тоа била нивна последна желба – да умрат заедно!
Во продолжение, погледнете ги последните моменти од животот на Чаушеску и неговата сопруга:

 Бил претседател на Романија од 1965 година се до својата смрт – 1989 година. Судењето и изречената казна се снимени со камера, а снимката бил

Пронајдете не на следниве мрежи: