Хелен Фоукс признава дека листата со желби не го смалила нејзиниот гнев, ниту помогнала да го прифати фактот дека ракот е неизлечлив, но вели: „Кога ќе си исполнам некоја желба, за неколку часа, моите симптоми како да испаруваат. Се чувствувам како порано“Токму во пет часот и 14 минути огромното златно сонце се покажа над праисторискиот комплекс Стоунхенџ. Си го исполнив сонот и го заокружив бројот 16 на мојата листа со желби – изгрев над Стоунхенџ. Ова го раскажува новинарката на Би-би-си Хелен Фоукс за своето искуство летово. Хелен составила листа од 50 желби кои треба да ги исполни што поскоро бидејќи е смртно болна од рак на јајчниците. Хелен неодамна наполнила 41 година. Лекарите ~ предвиделе дека може да живее уште шест месеци или, пак, уште пет години. Хелен ја слушнала тешката дијагноза пред 11 години, но не плачела. Се лекувала и болеста се повлекла с` до февруари минатата година кога повторно се вратила. Успеала да го победи ракот и вторпат. Во пресрет на Божик минатата година, лекарите ~ соопштиле дека болеста се вратила третпат и веќе нема никаква надеж. Тогаш дошле и солзите.
– Мојот прв третман по откривањето на болеста беше еден од најрадикалните – вадење на матката и хемотерапија. Тоа значеше дека не ќе можам да имам деца, и јас го прифатив. Тоа беше цената што требаше да ја платам за да останам жива – вели таа.
Направила „Листа на живот“
Покрај болките и процедурите, Хелен се вратила на работа како ТВ и радиокореспондент на Би-би-си, а во слободното време се затворала дома иако дотогаш сакала да спортува и имала многу контакти. Хелен се променила – станала затворена во себе и тивка. Еден ден, додека чекала за последниот преглед во болницата, пред очите како на кинолента почнале да се одмотуваат слики од иднината – од она што никогаш немало да се случи. Тогаш си рекла дека нема да се предаде и ќе го земе максимумот од животот што ~ преостанува. Го земала бележникот и ја направила „Листата на живот“, како што ја нарекла.
Kонсултантот ја посоветувал да среди некои работи во животот, додека уште има време. Хелен одлучила да ја исцеди секоја капка радост и среќа од времето што ~ останало за живеење.
– Животот ќе ми биде краток, но ќе биде светол и полн со надеж како светлата зора над Стоунхенџ – раскажува младата жена за весникот „Дејли мирор“.
На својата листа досега ги пречкрта – да купи куќа на село, да си земе куче, да отиде до Париз со воз за едно попладне, да лета со авион „Стелт“, да парадира како манекенка, да си направи тетоважа и слично. Иако нема партнер, Хелен не се откажала од надежта дека ќе се омажи. Тоа е една од желбите на листата. Некои од желбите се многу амбициозни и бараат многу пари, а други се сосема едноставни и обични. Пријателите и роднините на Хелен се позајмиле за да ~ помагаат да ги исполни една по една желбите од листата и засега заедно се справуваат многу успешно. Една од желбите на новинарката била да точи пиво во некој паб како вистинска барменка. Еден ден пријателка ~ се јавила и ~ рекла дека има изненадување за неа. Утредента ја однела во паб во село каде што Хелен била барменка на еден ден. Таа беше во болид во друштво на поранешниот возач на Формула 1, Дејвид Kултхард, искуство овозможено благодарение на врските со спортскиот продуцент на Би-би-си.
Симптомите како да испаруваат
Хелен признава дека листата со желби не го смалила нејзиниот гнев, ниту помогнала да го прифати фактот дека ракот е неизлечлив. Но, сепак, ~ дала надеж и ~ помага да остане своја додека минува низ бескрајните процедури и преголемата болка.
– Kога ќе си исполнам некоја желба, за неколку часа моите симптоми како да испаруваат. Се чувствувам како порано – признава Хелен.
Таа е задоволна што нема многу нешта за кои жали во животот. Според неа, тоа се должи делумно на друг список со желби, кој го составила првиот пат кога била дијагностицирана пред 11 години. Тогаш составила листа од 10 работи. Неколку недели откако завршила со терапијата веќе била во Москва за да го оствари својот сон да стане странски дописник на Би-би-си. Некои ја прашуваат Хелен зошто с` уште продолжува да работи. За младата жена работата е шините по кои животот продолжува да вози, што му ја дава нормалноста на животот.
Хелен веќе исполнила повеќе од половина желби на листата. Успеала и да отиде на ручек во Париз со пријателките. По ручекот студот ги натерал да се стоплат со коктел во бар. Смеејќи се гласно, некој во локалот ги прашал што слават. „Слават што сум жива“, рекла Хелен и навистина се чувствувала така.Токму во пет часот и 14 минути огромното златно сонце се покажа над праисторискиот комплекс Стоунхенџ. Си го исполнив сонот и го заокружив бројот 1



