Григориј Нестор, на возраст од 116 години, беше еден од најстарите луѓе на светот. Роден е во Украина, далечната 1891 година, а почина во 2007-мата година. Тој се гордееше со фактот дека животот го поминал низ три векови.Неколку месеци пред да почине, Григориј го посетиле новинари и го прашале дали би сакал да ја открие тајната за долг живот.
– Секако! – им одговорил старецот. – Никогаш не треба да се жените!
Тој беше убеден дека стекнал отпорност на сè затоа што никогаш не се оженил.
– За разлика од моите оженети врсници, јас ги проживеав војните, диктатурата и сиромаштијата. Но, диктатурата на жената не би сакал да ја доживеам. – објаснил Григориј Нестор, кој се чувствуваше многу добро за годините што ги имаше. Освен на ослабениот вид, тој не се пожалил на други проблеми со неговото здравје.
Извор: Тhink.mkНеколку месеци пред да почине, Григориј го посетиле новинари и го прашале дали би сакал да ја открие тајната за долг живот.
– Секако! &ndas



