Иби Книл денес има 90 години и живее во Велика Британија. Одамна е омажена и има две деца. Вели дека животот не и бил лош.Сепак, до сега во нејзиниот живот постоела темна дамка-сенка на она што го преживеала како девојка во Втората светска војна. За да ја раскаже својата приказна и требале 70 години.
Книл е родена во Чехословачка, но како Еврејка во 1942 година побегнала во Унгарија за да се спаси. Но, раката на Хитлер стигнала и тука-две години подоцна, кога имала 20 години транспортирана била во логорот Аушвиц.
Таму било како во пеколот. Никогаш нема да ја заборави првата ноќ помината во „логорот на смртта“. Таму запознала едно девојче кое и кажало дека над неа и нејзината сестра близначка ќе се прават експерименти.
„Ми кажа дека после тоа ќе бидат убиени во гасна комора“.
„Ако преживеете, ве молам раскажете ја нашата приказна“- ме натера да и ветам-раскажува сега Книл.
Девојчињата никогаш повеќе не ги видела. Во Аушвиц поминала шест недели, а потоа е префрлена во германски логор. Ветувањето никогаш не го заборавила.
„Кога војната конечно заврши, ми се чинеше дека не е вистинското време да зборувам за тоа. Таму бевме само број и се се сведуваше на тоа колку долго ќе преживееме.“-раскажува таа.
После војната се било многу потресно и свежо и затоа не можела да зборува. Но, сега откако ги напишала мемоарите, таа мисли дека го исполнила своето ветување.
Безименото девојче како и повеќе од шест милиони луѓе кои починале тогаш може да почиваат во мир.
Сепак, до сега во нејзиниот живот постоела темна дамка-сенка на она што го преживеала како девојка во Втората светска војна. За да ја раскаже



